Connect with us

Фудбал

Барселона го притиска Суарез побрзо да го напушти тимот

Барселона, 12 септември 2020 (МИА) – Новиот главен тренер на Барселона, Роналд Куман, не смета на напаѓачот Луис Суарез. Уругваецот разбира дека ќе мора да го смени клубот, но преговара за тоа во какви услови ќе ја напушти Каталонија, наведува „Марка“.

Главниот тренер на Барса демонстративно не дозволува Суарез да тренира во општата група. Така, клубот врши притисок врз играчот што побрзо да го напушти тимот.

Претходно, фудбалерот беше близу до трансфер во Јувентус, но на крајот го одложи потпишувањето на договорот. Тој се сомневаше дека преселбата во италијанскиот клуб ќе биде вистинскиот чекор.

Луис Суарез (33) минатата сезона забележа 36 настапи за каталонскиот клуб и постигна 21 гол со десет асистенции. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com