Фудбал
Барселона го продолжи договорот со Гави
Барселона утрово го објави продолжувањето на договорот на Гави. 18-годишниот играч од средниот ред потпиша нов договор со клубот до 2026 година, а ослободителната клаузула е одредена на 1 милијарда. евра.
𝗚𝗮𝘃𝗶, 𝗰𝘂𝗹𝗲𝗿 𝘂𝗻𝘁𝗶𝗹 𝟮𝟬𝟮𝟲!
📌 The renewal event will be this Thursday at 6 p.m. at Spotify Camp Nou. We'll see you there!
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 14, 2022
Гави е младински играч на Бетис, но во 2015 година премина во редовите на Каталонците.
Гави синоќа беше на теренот 60 минути од натпреварот против Баерн во Лигата на шампионите.
Тој нема пропуштено натпревар со Барселона од 10 март 2022 година, кога беше суспендиран за натпреварот против Галатасарај во Лигата на шампионите.