Connect with us

Фудбал

Барселона го раскина договорот, Видал тргнува кон Милано

Според пишувањата на „СпортМедиасет“, Барселона синоќа потпишала раскин на договорот со Артуро Видал, спогодбено од двете страни, па тој ќе тргне кон Милано. Како што информира овој медиум, со оглед на тоа дека Роналд Куман му порачал на Чилеанецот да побара нов клуб, Барселона одлучила да не бара обештетување и со тоа да ризикува да не биде продаден, па се одлучиле да го раскинат договорот, а тој како слободен да се пресели во Интер.

По лекарските прегледи во Милано, Видал треба да потпише двегодишен договор со Интер. Тој е дамнешна желба на Антонио Конте кој верува дека со Видал ќе добие „мускули“ на средината на теренот.

 

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com