Фудбал
Барселона го врати Делофеу за да го пушти во друг клуб од Серија А
На почетокот од сезоната, Барселона го врати Делофеу, кој играше како позајмен играч во Милан, за на крајот од оваа сезона или уште во Јануари да премине во друг клуб во Серија А, и тоа Интер или Наполи.
Фудбалерот на лидерот во Примера може да го напушти „Камп ноу“ само шест месеци откако се врати назад од редовите на Евертон.
Делофеу не е задоволен од својата улога во екипата, се надеваше дека ќе има поголемо влијание по неговото враќање, но и повредата на Oсман Дембеле не му отвори повеќе простор за настап и зацврстување на својот статус во првиот тим.