Connect with us

Фудбал

Барселона и Бетис договорија трансфер за јануари, останува само една работа

Бетис треба да добие засилување од Барселона во зимскиот трансфер период.

Поточно, шпанскиот „Мундо Депортиво“ пишува дека двата клуба практично се договориле за трансфер на Карлес Алена, но дека сепак зависи од една друга работа.

Артуро Видал во повеќе наврати во јавноста кажа дека е незадоволен од неговиот статус и дека сака да игра повеќе и да биде поважен дел од тимот или ќе размисли да си замине.

Чилеанецот има понуда од Интер, а доколку ја прифати, Барселона сепак би можела да одбие да го ослободи Алена во Бетис.

Младиот Шпанец има остварено само четири настапи за Барселона оваа сезона, а неколку клубови од Шпанија, како и Англија се заинтересирани за неговите услуги.

Неодамна се шпекулираше дека тој се согласил да замине во Гетафе, но „Мундо Депортиво“ сега пишува дека ќе биде на позајмица на шест месеци и Бетис ќе има опција да го откупи после тоа, но Барселона ќе има и опција да го врати на „Камп Ноу“.