Connect with us

Фудбал

Барселона и Гриезман – навистина кратка љубов

На Антоан Гриземан не му оди во Барселона точно како што планирал. Навивачите го пречекаа со одредена количина скептицизам, не беше прифатен ниту од каталонските медиуми и тој не покажува брилијантни партии на теренот.

Каталонскиот спорт, кој е многу добро запознаен со развојот на настаните во Барселона, денеска излезе со насловна страна дека Гриезман е на продажба по помалку од една година на Ноу Камп.

Барселона за одличниот напаѓач сака да врати поголем дел од вложените пари. Французинот е далеку од недопирлив и веќе има неколку опции. Барса бара 100 милиони евра за својот играч.

„Спорт“ вели дека Манчестер Јунајтед и ПСЖ се најзаинтересирани за 29-годишниот, додека опциите како Арсенал и Челзи не треба да се исклучуваат.

Гризман пристигна од Атлетико минатото лето за 120 милиони евра по активирањето на откупната клаузула. Тој има постигнато 14 гола на своите 37 натпревари за Барселона.