Фудбал
Барселона и официјално го објави начелниот договор со Севиља за трансфер на Кунде
Барселона и Севиља постигнаа начелен договор за трансферот на Жил Кунде, а се очекува играчот да ги помине медицинските прегледи пред и официјално да го потпише договорот со каталонскиот гигант.
Официјалната природа на зделката зависи од минувањето на лекарските прегледи од страна на францускиот репрезентативец и потпишувањето на договорите.
Договорот на Кунде со Барселона ќе биде до летото 2027 година.
Agreement in principle with Sevilla for the transfer of @jkeey4
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 28, 2022
Барселона ќе и плати на Севиља 50 милиони евра за Кунде, плус 10 милиони евра дополнителни бонуси.
💥🐍
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 28, 2022