Connect with us

Кошарка

Барселона има нов тренер

Само два дена откако ја раскинаа соработката со Светислав Пешиќ, Барселона го назначи Шарунас Јасикевичиус за нов тренер. Легендарниот Литванец има договор на три години. Тој во својата кариера како кошаркар го носел дресот на Барселона, тим со кој освои една европска круна, од вкупно трите во кариерата.