Фудбал
Барселона има план Б, ако Меси замине
Според шпанските медиуми, Барселона не седи со скрстени раце. Откако се појавија информации дека е можно Аргентинецот по крајот на сезоната да замине, дел од шпанските медиуми објавија дека Каталонците имаат т.н План Б.
Ќе се обидат да ги ангажираат Нејмар од ПСЖ и Лутаро Мартинез од Интер. За двајцата веќе подолго време се шпекулира дека се цел на Барселона.