Connect with us

Фудбал

„Барселона ќе даде три бода на Интер за Лаутаро“

Поранешниот тренер на Атлетико Мадрид, Хорхе Д’Алесандро,зборуваше за Лаутаро Мартинез во интервју за шпанскиот портал „Ел Шарингито“.

„Барселона треба да го купи Лаутаро, а не Нејмар. Сега Барселона треба да замине во Милано, да му даде на Интер три бода и да го земе Лаутаро.

Тој треба да го купат следната сезона. Браида спиеше кога требаше да биде во Аргентина за да го купи напаѓачот, додека Милито го однесе во Интер.

Сите рекоа дека тој е новиот Батистута, ова се вистинските удари на трансфер маркетот, но што правеше Браида? Спиеше!“