Фудбал
Барселона купи албански напаѓач за 700 илјади евра, веднаш клаузула од 50 милиони евра
Реј Манај, 22-годишен репрезентативец на Албанија е нов член на Барселона. Тој е купен од Албасете за 700 илјади евра и потпиша договор до 2023-та година. Вкупната сума на трансферот може да достигне 2 милиони евра, во зависност на неговите игри.
Она што е интересно е тоа што во договор Барселона веднаш ставила откупна клаузула од 50 милиони евра.
Манај прво ќе игра за Барселона Б, па доколку се покаже ќе биде прекомандуван во првиот тим.
Кариерата ја започнал во Пиаченца, играл за Кремонезе, малку за Сампдорија, а беше дел и од младинскиот тим на Интер. За првиот тим на „Нероаѕурите“ запиша 4 настапи.