Connect with us

Фудбал

Барселона молчела, петмина фудбалери и двајца тренери позитивни на коронавирус?!

Во Шпанија почнаа подготовките за враќање на фудбалот. Тестираните се сите екипи, фудбалерите и стручниот штаб. За среќа немаше многу позитивни помеѓу фудбалските екипи на новите тестирања. Сепак, според каталонскотот радио RAC1, на почеткот на масовното тестирање, петмина фудбалери на Барселона биле позитивни, како и двајца тренери, членови на стручниот штаб.

Нивните имиња не се објавени, а како што вели ова радио, каталонскиот клуб ја сокрил информацијата. Сепак, тие немале никакви симптоми и здравствени проблеми, туку биле асимптоматични случаи, односно лица кај кои вирусот не покажува никакви знаци, туку само можат да го пренесат. Се уште од Барселона не се огласиле по повод овие информации.