Connect with us

Фудбал

Барселона најде нов тренер, еден „губитник“ го презема водството

Ненадејна вест доаѓа од Шпанија, каде Барселона работи на новиот тренер. Техничарот Ернесто Валверде се очекува да замине на крајот на сезоната, откако не ги убеди челниците на клубот да остане на врвот на клупата и неговото место се очекува да го завземе Тиери Анри. Неочекувано и многу контроверзно име.

„Sport“ ја отвора насловната страница со насловот „Барселона му се допаѓа на Анри“. Летото изгледа ќе биде жешко, со тоа што францускиот тренер се врача на „Камп Ноу“. Анри немал добро тренерско искуство. Тој беше заменик на Мартинез во Белгија и не успеа во Монако. Поранешниот напаѓач сега е во Канада, каде го води тимот на Монтреал.

Роналд Куман е уште еден тренер кој го сакаат челниците, но Анри има предност. Поранешниот играч на Барса може да добие одобрение од челниците на тимот што го познаваат. Меси, Пике и Бускетс играа со Анри и можат полесно да комуницираат со него.