Connect with us

Фудбал

Барселона направи неверојатна грешка со Дембеле, а неговиот готвач откри се: „Ни вршеа притисок“

Усман Дембеле е во одлична форма откако Чави Ернандез ја презема клупата на Барселона.

Дембеле во каталонскиот клуб пристигна како големо засилување во летото 2017 година, а Барселона за неговото доаѓање издвои дури 140 милиони евра.

Се очекуваше тој да биде замената на Нејмар, но не се покажа. Дембеле има огромни проблеми со повреди секоја сезона откако дојде во Барселона и повеќе беше надвор од теренот отколку што играше.

Сепак, неодамна ситуацијата значително се подобри. Дембеле влезе во одлична форма по враќањето на терените на почетокот на декември, а многу му помогна и фактот што беше избран Чави за нов тренер.

Чави му покажа голема поддршка на Дембеле и го остави во тимот иако сите бараа да го испрати на трибините бидејќи одби да го продолжи договорот со Барселона.

Дембеле му врати со одлични игри, а се повеќе се пишува за тоа дека би можел да се предомисли и на крајот да го продолжи договорот и да остане во Барселона. Се чини дека и повредите му се минато, а тајната ја откри неговиот приватен готвач Ентони Одбо.

„Усман моментално е на посебен вид на диета, поради што не тренира како порано. Барса исто така сакаше да тренира како Луис Суарез, но тие се двајца тотално различни играчи кои треба да се третираат поинаку“, рече Одебо.

„Клубот ни направи голем притисок, што според мене не беше добро. Сега на чело на клубот се луѓе и тренери кои разбираат дека секој играч треба да има посебен третман во споредба со другите“.

Тој ги коментираше и шпекулациите за истекот на договорот на Дембеле и рече дека се надева дека Французинот на крајот ќе остане во Барселона.

„Се надевам дека Дембеле ќе остане во Барселона. Погледнете го само во Ел Класико, тој забележа две асистенции. Без разлика дали ќе остане или не, јас ја донесов одлуката и ќе останам тука“, додаде тој.