Connect with us

Фудбал

„Барселона не е подготвена да се бори за три трофеи“

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, призна дека на неговиот тим моментално му недостига квалитет и не може да се бори за три трофеи во една сезона.

 

Полскиот репрезентативец истакна дека има многу проблеми кои не можат да се решат за една недела или еден месец.

„Имаме добар тим, можеби ќе се засилиме со еден или двајца новајлии. Тоа не е идеален тим, но е поконкурентен. Оваа сезона имавме проблеми во Лигата на шампионите и мораме да го поправиме тоа. Треба да се признае дека Барселона не е подготвена да се бори за три трофеи во една сезона“, изјави Левандовски, кој минатото лето дојде на „Камп Ноу“ од Баерн.

Искусниот напаѓач оваа сезона во шпанското првенство постигна 15 гола на 21 натпревар и е еден од најзаслужните за убедливото прво место на Каталонците.

„Невозможно е да се промени нешто за една недела или еден месец, потребно е време за да се врати некогашниот сјај. Отсекогаш сакав да играм во шпанската лига. Знам дека клубот има многу проблеми, но кога ја видов стратегијата за развој на тимот, сфатив дека сакам да бидам дел од неа“, нагласи Левандовски.

Барселона по 25 кола е лидер на шампионатот со девет бода повеќе од Реал Мадрид и дури 17 од Атлетико Мадрид.

Advertisement