Фудбал
Барселона не му дозволила на својот фудбалер да влезе на „Камп Ноу“ да го гледа мечот со Наполи
Се чини дека Артур Мело и Барселона се разделуваат во лоши односи. Откако стана јасно дека Мело се сели во Јувентус, а Пјаниќ во Барселона, беше пристапено на потпишување на договорите. Сепак, Мело беше револтиран, како што вели поради односот на каталонскиот тим бидејќи не сакал да замине, но сепак тие одлучиле да го продадат. Тој воедно порача дека нема желба да игра за Барса, иако се уште е нивен фудбалер, додека не завршат мечевите од ЛШ.
Но, Каталонскиот клуб му се реваншираше за овие зборови. Имено, како што пишува шпанска „Марка“ на Артур Мело не бил дозволен влезот на стадонот „Камп Ноу“ да го гледа мечот со Наполи.