Connect with us

Фудбал

Барселона не повредила никого како Перез: „Тие ми го украдоа сонот“

Шпанскиот фудбалер Карлес Перез во четвртокот го постигна својот деби гол во дресот на Рома на натпревар од Лига Европа против Гент.

Перез пристигна во Рим пред еден месец од Барселона, што беше големо изненадување. Каталонскиот клуб реши да го продаде Перез на Рома без воопшто да го извести фудбалерот.

Во интервју за „„Мундо Депортиво“, тој откри дека дознал сè едне ден пред да биде извршен трансферот. Перез не го криеше своето разочарување од овој потег на челниците на Барселона, бидејќи призна дека немал поим дека ќе ги напушти Каталонците на тој начин.

„Видов нешто во шпанските медиуми, но мислев дека тоа се само шпекулации. Се сеќавам дека планирав забава со пријатели тој викенд, и на крајот завршив во Рим на лекарски прегледи. Тренерот Сетиен ми рече, после една тренинг сесија, само дека смета повеќе на мене и тоа е тоа“, рече Перез и продолжи:

“За мене е минато, но признавам дека сум разочаран. Секогаш беше мојот сон да играм за првиот тим на Барселона и кога конечно стигнав таму го украдоа тој сон. Вистината е, тие веќе немаат трпеливост со младите играчи на Ла Масија што беше заштитен знак на клубот. Тие ви кажуваат една, а прават сосема друга работа. Јас немам лоша слика за Барса, благодарен сум за сè што клубот направи за мене. Само не ми се допадна како ме продадоа на крајот и тоа е тоа. Без никаква причина тие ми го украдоа сонот“.