Connect with us

Фудбал

Барселона објави фотографии од Пјаниќ и порача: Се гледаме на другата страна

Миралем Пјаниќ вчера официјално потпиша договор со Барселона во која пристигнува од Јувентус.

Каталонскиот клуб потврди дека Пјаниќ потпишал договор на четири години, додека како дел од трансферот во спротивен правец замина Артур Мело.

Пјаниќ претходните четири години со успех го носеше дресот на Јувентус, но јасно е дека трансферот во Барселона за него ќе биде чекор повеќе. Исто така, ќе биде еден од ретките играчи кои можат да се пофалат дека во кариерата играле во екипи со Роналдо и Меси.