Connect with us

Фудбал

„Барселона“ објави приходи од речиси една милијарда евра

Раководството на „Барселона“ ги објави финансиските резултати од претходната кампања и тие покажуваат дека клубот е во одлична економска состојба.

Каталонците објавија дека нивниот приход за финансискиот период кој завршува на 30 јуни 2018 година, и покрива една година, бил 914 милиони евра. Ова е светски рекорд во фудбалот.

Очекувањата на шпанскиот шампион се до две или три години да заработат над една милијарда евра во една сезона. Таква цел си поставиле управните тела на клубот.

Од овие 914 милиони евра, биле потрошени 882 милиони евра, а нето добивката за „Барселона“ изнесувала 13 милиони евра. Инаку, бруто добивката пред оданочување и други давачки изнесувала 177 милиони евра минатата сезона.

На денот кога клубот ги објави рекордните финансиски резултати, директорот на одделот за маркетинг на каталонците Мануел Аројо поднесе оставка.

Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com