Connect with us

Фудбал

Барселона очајна, по Јувентус и Интер, му понудила трампа и на Мурињо

Барселона ќе се обиде да се засили преку размени. Не е тајна дека го сакаат Пјаниќ во замена за Артур (кој не сака да се пресели во Торино) и дека сака да ја заврши работата околу Лаутаро и Интер, но новина е што преговараат и со Тотенхем.

Имено, Мурињо сака да го донесе Кутињо, за да направи тандем со Вилијан по крилните позиции, кој сака да замине од Челзи.

Барселона како замена за Кутињо би можела да добие еден од двајцата играчи, еден од нив е Алдервеирелд, вториот е Ндомбеле. Првата опција е помалку веројатна, бидејќи дефанзивецот има 31 година и многу помала вредност од Кутињо, додека втората е повеќе веројатна, иако Мурињо не планира да се откаже од Ндомбеле.