Фудбал
Барселона постигна договор со напаѓач, ќе потпише на пет години, цената е 40 милиони евра, ќе ги плаќа на три рати! (ВИДЕО)
Откако се откажа од Обамејанг кој е слободен, Барселона реши да бара ново засилување на напаѓачката позиција и го пронајде младиот Бразилец. Тоа е Витор Роке, овој напаѓач играше и за бразилската репрезентација, иако има само 18 години, член е на Атлетико Паранаенсе каде одигра одлично минатата сезона, а одлично ја започна новата сезона.
Деко е тој кој имаше клучна улога во трансферот, договорот со овој напаѓач е постигнат, ќе потпише на пет години, практично остануваат само деталите и за 40 милиони евра овој фудбалер ќе стане нов член на Барселона. Се ќе биде платено на три рати, наводно младиот фудбалер е возбуден што ќе игра за гигантите како Барселона.