Connect with us

Фудбал

Барселона потврди, има нов играч, му стави клаузула од неверојатни 400.000.000 евра (ВИДЕО)

Инго Мартинез е нов играч на Барселона, потврдија денеска од клубот. Шпанскиот репрезентативец пристигна во клубот како слободен играч откако му истече договорот со Билбао. Долгонајавуваното засилување потпиша договор на две години, со плата од девет милиони евра по сезона, а шпанскиот шампион го заштити со клаузула од 400.000.000 евра.

Играјќи за Реал Сосиедад и Билбао, Мартинез забележа повеќе од 350 настапи во Ла Лига. Постигна 22 гола и седум пати асистираше. Новиот играч на Блауграна настапуваше за шпанските У-20, У-21 и У-23, а потоа и за сениорскиот тим, а за нив одигра 20 натпревари, последниот во март годинава.