Фудбал
Барселона сака што побрзо да се ослободи од Умтити
Самуел Умтити (29) се врати во Барселона откако му истече позајмицата во Лече, каде имаше многу добра сезона. Сепак, Каталонците не сметаат на него, а им требаат пари за да донесат нови играчи, па на неговите менаџери им порачаа што поскоро да договорат трансфер за него. Изгледа дека ќе успеат во ова бидејќи Лион сака да го врати својот поранешен стопер.
Каталонски Спорт пишува дека Умтити би можел да ја напушти Барселона пред 30 јуни. Лион наводно преговара за плата со Умтити, а Барселона ќе направи се за да се ослободи од непотребниот дефанзивец. За да го доведе Лион мора прво да го продаде стоперот Кастело Лукеб за кој беше заинтересиран РБ Лајпциг и кој можеше да му плати 30 милиони евра.
Умтити има слобода да го избере својот иден клуб, само што нова позајмица не доаѓа предвид, но трансфер мора да се случи. Францускиот дефанзивец има договор со Барселона до летото 2026 година, но јасно е дека нема да остане до крај.
Во 2016 година, Умтити дојде во Барселона за 25 милиони евра. Вкупно за шпанскиот шампион забележа 133 настапи, но често го мачеа повреди поради кои паѓаше од форма, односно никогаш не можеше да влезе во совршена состојба. Според Transfermarkt неговата вредност е четири милиони евра.