Connect with us

Фудбал

Барселона се договори со Депај

Барселона, 9 септември 2020 (МИА) – Екипата на Барселона постигна договор со напаѓачот на Лион, Мемфис Депај за неговите лични услови, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Контактите на Каталонците со играчот започнаа пред неколку дена. Сега останува клубот да се договори со Французите за цената на голгетерот. И Депај и Лион продолжуваат да ги негираат разговорите со Барса.

Од „Камп Ноу“ продолжуваат да работат на привлекување на нивната друга холандска цел – играчот од средниот ред Жоржињо Вајналдум, и покрај фактот што се уште не испратиле понуда до Ливерпул за нивниот играч.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com