Connect with us

Фудбал

Барселона се ослободи од младиот фудбалер, Демир се враќа дома

Барселона е подготвена да се ослободи од младиот австриски фудбалер Јусуф Демир.

Барса размислува предвреме да ја раскине неговата позајмица од Рапид и да го врати во татковината.

Медиумите во Австрија наведуваат дека Демир е веќе во Виена и дека во следниот период ќе настапува за Рапид, но официјална потврда нема.

Тој оваа сезона забележа шест настапи во лигата и три во Лигата на шампионите.

Тоа беа многу скромни минути, па тој запиша вкупно 290 минути.

Неговото заминување наскоро треба и официјално да биде потврдено од каталонскиот клуб.

Реклама

Facebook

Реклама