Connect with us

Фудбал

Барселона шокирана, напаѓачот надвор од теренот подолго време

Барселона попладнево е во шок, бидејќи официјално е објавен периодот на отсуство на Усман Дембеле. Французинот во натпреварот против Дортмунд излезе од игра со солзи во очите поради повреда и ќе му требаат цели 10 недели за да се опорави.

Многу лоши вести за Барселона, но и самиот играч, кој долго не се опорави од повредата. Се чини дека авантурата на Дембеле на „Камп Ноу“ е проколната, бидејќи 22-годишниот играч остана надвор од терените повеќе отколку на нив.