Фудбал
Барселона со вето за продажба на само четворица играчи
По катастрофата од Баерн Минхен во четвртфиналето во ЛШ (2:8) јасно е дека Кике Сетиен нема да биде повеќе тренер на Барселона и јасно е дека следува целосен ремонт на „Камп Ноу“. Како што пишуваат медиумите од Каталонија, раководството на тимот ставило вето за продажба на само четворица играчи.
Тоа се голманот Тер Штеген, потоа дефанзивецот Ленгле, играчот за врска Де Јонг и секако Лионел Меси.
Останатите играчи, според информациите се на продажба.
Инаку, за утре е најавен итен состанок по кој според сите информации ќе му биде врачен отказ на Кике Сетиен.