Фудбал
Барселона веќе го комплетираше најголемиот трансфер во зимскиот преоден рок
Иако јануари не дојде, Барселона успеа да го реализира најголемиот трансфер во зимскиот преоден рок.
По неколкунеделни преговори, Феран Торес пристигна во Барселона, што го потврдија бројни извори во Шпанија и Англија.
Чави Ернандез изрази голема желба клубот од Ноу Камп да го ангажира 21-годишниот фудбалер и на крајот тоа му беше одобрено.
Торес по лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор со Барселона. Официјална потврда се очекува во наредните денови.
Шпанскиот репрезентативец воопшто нема да биде евтин бидејќи Каталонците ќе му платат 55 милиони евра, а вкупните трошоци би можеле да изнесуваат 65 милиони поради дополнителни бонуси.
Од саботата кружи вест дека Торес на грб ќе го носи бројот 25, додека многумина повеќе ги интересира како Барселона успеа да го реализира овој трансфер.
На европскиот гигант многу му помогна пензионирањето на Серхио Агуеро, што дополнително ќе го растерети буџетот, а за очекување е Торес да игра за мала плата во првите шест месеци, а платата да биде мултимилионска од лето.
На Барса секако ќе и помогне речиси сигурната продажба на Сержи Дест, кој е целосно разочарување, но и други играчи кои се вишок, како Филипе Кутињо и Лук де Јонг.