Фудбал
Барселона веќе има нов тренер, привремено, додека ја чека легендата на клубот
Една работа е сигурна, а тоа е дека Кике Сетиен нема повеќе да биде тренер на Барселона. Барем ова го тврдат каталонските медиуми, кои воедно објавија дека нов тренер ќе биде легендарниот француски фудбалер Лоран Блан.
Сепак, Блан ќе биде привремено решение, односно до јуни 2021 година, кога на клупата ќе седне легендата Чави Ернандес. Тој има договор со катарскиот тим Ал Саад до овој датум, а пред кусо време го продолжи, па наводно сака да го одработи до крај, а потоа да се врати во клубот во кој ја помина речиси целата своја кариера.
Некогашниот француски дефанзивец во моментов е без работа, а како тренер бил на клупата на Бордо, ПСЖ, но и француската репрезентација.