Фудбал
Барселона ветила многу на ѕвездата на Манчестер Сити
Засега се знае дека Миралем Пјаниќ е играч на Барселона за следната сезона. Сепак, се вртат уште неколку имиња како можни засилувања. Едно од нив е ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва. Наводно, според „Телеграф“ Барселона многу ветувала на фудбалерот, со цел да го убеди да потпише за нив. Сепак, целата операција нема да биде лесна бидејќи тој има важечки договор со Сити до 2025 година, а неговата цена на пазарот е 80 милиони евра.
Тешко е да се верува и дека Пеп Гвардиола ќе се откаже од него, бидејќи беше еден од најстандардните во изминатате сезона.