Connect with us

Фудбал

Барселона закажа избори – буџетот намален, но кој ќе биде наследник на Бартомеу?

Tимот на Барселона минува низ големи проблеми, а ситуацијата го достигна врвот кога Лионел Меси побара да замине. Шпанска Барселона откако успеа да го задржи својот најдобар фудбалер Лионел Меси после двонеделната сага и стравот кај навивачиде дека симболот на клубот ќе си замине, објави дека претседателските избори во каталонската гордост ќе бидат на 20 и 21 март.

Во интервјуто во кое Меси потврди дека ќе остане во Барселона само за целата работа да не заврши на суд и ќе почека да му истече договорот уште една сезона кажа и дека Бартомеу и останатите од управата се главниот проблем. Меси смета дека Бартомеу не го води клубот во насоката во која треба и затоа Барса имала лоши резултати во Лигата на шампионите.

Генералното собрание на делегатите ќе одржи седница на 25 октомври. Актуелниот претседател Хосеп Марија Бартомеу не може да се кандидира, бидејќи веќе помина два последователни мандати на чело на каталонскиот тим.

Иако би требало да остане на функцијата до следната година, Бартомеу би можел да распише избори уште порано, доколку се гласа за недоверба.

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com