Connect with us

Други спортови

Барти стигна до петтата титула оваа сезона

Првиот светски рекет Ешли Барти вечерва во финалето на турнирот во Синсинати (САД) ја победи Жил Белен Тишман (Швајцарија) со 2-0, по сетови 6:3 и 6:1.

За Австралијанката, ова е петти трофеј во 2021 година и 13. во кариерата.

Во мечот којшто траеше еден час и 13 минути, Барти сервираше осум аса, наспроти 2 на Тишман. Во винери победничката беше подобра со 28:12.

Билансот на Барти оваа сезона е 40 победи и седум порази.