Connect with us

Фудбал

Бартомеу потврди: Тој е нашата главна цел на пазарот

Претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартомеу, во интервју за „Ил Мундо Депортиво“ ги потврди гласините за интересот на каталонскиот клуб за напаѓачот на Валенсија, Родриго.

„Не сакам да зборувам за конкретни имиња на пазарот затоа што работиме тивко“, рече Бартомеу и додаде:

“Како и да е, ако ме прашате за Родриго, признавам дека е едно од имињата што ги имаме на листата. Тоа е главната цел на пазарот за нашиот клуб“.