Други спортови
Басино го освои златото на СП во супервелеслалом
Италијанската скијачка Марта Басино денеска го освои златниот медал во супервелеслалом на Светското првенство во Мерибел, Франција.
Басино го освои третиот медал на светските првенства и второто злато со време од 1:28,06 минути.
Среброто и припадна на лидерката на Светскиот куп, Американката Микаела Шифрин, која заостана 0,11 секунди од победничката. Така Шифрин го освои својот 12-ти медал на светските првенства (шест златни, три сребрени и три бронзени медали).
Двете скијачки, Норвежанката Кајса Вихоф Ли и Австријката Корнелија Хитер ја добија бронзата, кои заостанаа 0,33 секунди од 26-годишната италијанска скијачка.
Бранителот на титулата во оваа дисциплина Швајцарката Лара Гут-Бехрами го зазеде шестото место со заостанување од 0,37 секунди зад Басино.
Светското првенство продолжува во четврток со супервелеслаломот за скијачи во Куршевел. Скијачите ќе го продолжат натпреварувањето во сабота за кога е закажан спустот.