Кошарка
Батлер одмораше само 48 секунди против Лејкерси, едвај имаше сили да се движи по мечот (ВИДЕО)
Орландо, 10 октомври 2020 (МИА) – Џими Батлер херојски одигра во петтиот натпревар од финалната серија на НБА со Лејкерси. Предводникот на Мајами постигна 35 поени, имаше 12 скока и 11 асистенции, ја „остави душата“ на теренот каде го мина скоро целото време, а статистиката вели дека одморил само 48 секунди!
Целосно „исцеден“, тој се појави пред новинарите, скршен, во бавно движење, „ранет“ од тешката битка со играчите на Лејкерс …
– Ја оставив целата енергија на натпреварот заедно со моите момци. Вака ќе мора да играме од сега додека не заврши серијата – рече Батлер пред едвај да стане од столот, и да отиде на заслужената пауза во грч – до недела и новата битка за тронот во НБА.
Jimmy Butler played 47 of 48 minutes in Game 5.
Respect. (via @sam_amick) pic.twitter.com/nyRys7NPAg
— ESPN (@espn) October 10, 2020
Едвај дишеше Батлер на крајот од мечот, тој ја преземаше одговорноста скоро во секоја акција кон крајот на мечот, што го измори многу, па тој побара пауза потпирајќи се на реклами.
Jimmy Butler is a warrior.
(via @MiamiHEAT)pic.twitter.com/aOvF7IChX6
— SportsCenter (@SportsCenter) October 10, 2020
– Џими Батлер е борец – пишува во еден од коментарите за играта на лидерот на Хит.