Фудбал
Баварскиот тим се обидува да го подмлади ростерот – Феран Торес е посакуван од челниците на германскиот гигант
Младиот Феран Торес е посакуван од челниците на германскиот гигант, кој сонува да го види во своите редови уште ова лето. Ова ќе му овозможи на тренерот Ханси Флик да доминира во наредните неколку сезони.
Баерн е упорен во својата намера да го има за наредната сезона. Сите очекуваат тој да биде голема ѕвезда во иднина, а останува да видиме дали тимот од Минхен ќе успее да го убеди да пристигне на „Алијанц Арена“.
Го споредуваат со Марко Асенсио, има 20 години и важи за голем талент на шпанскиот фудбал.