Фудбал
„Баварците“ подготвени да ја грабнат sвездата на Јувентус!
Веста од Германија е сензационална. Даглас Коста може да го напушти Јувентус веднаш и да се врати во Баерн Минхен. Оваа „бомба“ ја пренесе „Спорт Билд“, обично добро упатен извор за клубот од Минхен. Се вели дека преговорите веќе започнале и целта на Баерн ќе биде да го позајми Даглас Коста, од „Бјанконерите“ кој моментно е во сенка на Дијабала, Игуаин и Кристијано Роналдо.
Всушност, Бразилецот на почетокот на сезоната се чинеше дека може да стане незаменли во стартниот состав на Сари, но тогаш вообичаените проблеми со мускулите уништија се. Сега, наоѓањето место за игра во составот на „Старата дама“ стана доста тешко.
Сари сепак верува во Даглас Коста.Тренерот објасни зошто Бразилецот во моментов не наоѓа многу простор кај него.
„Тој е играч кој со себе носи ризик од оштетување на мускулите и поради таа причина претпочитавме да го избегнуваме во одредени натпревари. Сега, тој тренира редовно, но тој сè уште не е во топ форма“.
Даглас Коста пристигна во Јувентус од Баерн Минхен летото 2017 година, на позајмица и со право на откуп. Ова право го остварија една година подоцна, а италијанскиот шампион плати 40 милиони евра.
Баерн Минхен се бори со честите повреди на Гнабри и Коман, па размислува да додаде нова сила. Целта е Даглас Коста, а Бразилецот е подготвен да го напушти Торино без многу жалење. Дали „збогум“ ќе дојде до Јувентус овој јануари? Според „Спорт Билд“, ваквиот потег се „готви“….