Фудбал
„Баварците“ работат на трансферите кои ќе ги остават навивачите на Баерн без зборови
Баерн не ги обезбедува партиите што навивачите ги очекуваат оваа сезона, а челниците на овој клуб се свесни за тоа и веќе размислуваат за следната сезона.
„Баварците“ не го одравотија добро преодниот рок пред почетокот на сезоната, иако донесоа некои звучни имиња. Но, јасно е дека Баерн има многу да промени, доколку сакаат да направат нешто посериозно на европската сцена.
Челниците на Баерн веќе размислуваат за наредната сезона, а „Билд“ откри дека на мета имаат неколку големи засилувања. Но, ќе видиме дали тие ќе успеваат да ги постигнат своите цели во текот на летото.
„Билд“ пишува дека Баерн ќе ги насочи сите свои ресурси да ги донесе Лерој Сане и Роберто Фирмино. Сане е повреден долго време и нема играно во Манчестер Сити, но се чини дека неговиот потег во Баерн бил договорен уште минатото лето.
Но, многумина се изненадени што на мета на Баварците се најде и Фирмино, Наводно, германскиот клуб е подготвен да плати дури 75 милиони евра за бразилскиот напаѓач, кој во Баерн го гледаат како одличен избор за тандем со Роберт Левандовски.
Доаѓањето на Фирмино не е невозможна мисија, бидејќи Ливерпул сакаат да го ангажираат Тим Вернер од Лајпциг за да го направат директен конкурент на Фирмино. Челниците на клубот веќе работат напорно на овие трансфери, но она што останува на крајот е да види што ќе се случи.