Поврзи се со нас

Фудбал

Бејл повикан во репрезентација на Велс за прв пат од септември

Кардиф, 5 ноември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Тотенхем, Герет Бејл е повикан за ноемвриските натпревари на Велс, објави тамошната фудбалска репрезентација.

Триесет и едногодишниот Бејл е повикан за прв пат од септември. Фудбалерот ги пропушти натпреварите на Велс во октомври поради повреда.

Во сезоната 2020/21, Бејл има постигнато еден гол и остварено една асистенција на четири  натпревари за Тотенхем одиграни по враќањето од Реал Мадрид. зс/

loading...

Facebook