Фудбал
Бекам ги сака Каванин и Модриќ во Мајами
Поранешниот англиски фудбалер планира да го направи американскиот фудбалски клуб Интер Мајами многу силен, со тоа што планира во редовите на клубот да ангажира искусни играчи кои се покажале на европската сцена.
Поранешниот англиски фудбалер, кој е сопственик на американскиот клуб неодамна се приклучи на американската фудбалска елита – МЛС.
За тоа, Бекам ги постави своите погледи на искусните фудбалери кои играат европски фудбал.
Според шпанските медиуми „Марка“, сопственикот на Интер Мајами има намера да ги ангажира Лука Модриќ и Единсон Кавани во клубот.
Хрватскиот играч од средниот ред има договор со Реал Мадрид до 2021 година, додека договорот на уругвајскиот напаѓач со ПСЖ истекува ова лето.
Клубот во Мајами е подготвен да понуди „дебели“ плати на двете европски фудбалски ѕвезди.
Ако двата играчи се подготвени да се откажат од европскиот фудбал, тогаш нивната иднина може да биде поврзана со клубот на Бекам.