Connect with us

Фудбал

Бекам го донесе играчот на Селтик во Мајами

Интер Мајами, клубот кој е нов член на американската МЛС лига, денес доби ново засилување.

Член на новоформираната екипа стана шкотскиот фудбалер Луис Морган, кој доаѓа од редовите на големиот Селтик.

Ова е 23-годишен играч од средниот ред кој сезонава играше на 18 натпревари за шкотскиот клуб.

Сепак, очигледно тие не сметаа премногу на него, па решија да го продадат во редовите на Интер Мајами.

Тимот, во сопственост на Дејвид Бекам, на тој начин доби уште едно засилување и тие веќе имаат многу интересен тим.

Својот прв официјален натпревар Мајами на 1 март против Лос Анџелес.