Connect with us

Фудбал

Бекам го сака Кавани во Мајами

Уругвајскиот напаѓач е во последната година од неговиот договор со ПСЖ, со кого се очекува да се раздели во текот на летото.

Дејвид Бекам се уште се надева дека ќе го убеди Единсон Кавани да се пресели во Интер Мајами.

Веста ја објави британскиот таблоид „Дејли Стар“.

Уругвајскиот напаѓач ја минува последната година од неговиот договор со ПСЖ.

Се очекуваше тој да го напушти францускиот шампион во јануари, но цената на ПСЖ беше голема.

Затоа, во текот на летото поранешниот играч на Палермо и Наполи ќе го напушти клубот од Лига 1, а на масата има понуда од Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Сепак, иднината на јужноамериканскиот фудбалер може да биде преку Атлантикот, каде го сака американскиот клуб во сопственост на поранешниот англиски фудбалер Бекам.