Connect with us

Фудбал

Бекам избра дресови за Интер Мајами

Во наредните денови, овој дрес ќе биде официјално откриен и екипата на Бекам ќе игра во бела и црна варијантиа на дресот.

Домашната маичка ќе биде бела со розови линии на адидас, која е официјален производител на дресови за новата франшиза.

Гостинската маичка, од друга страна, е црна, а линиите на адидас и тука се во розова боја.

Еве како изгледаат:

Треба да се напомене дека Интер Мајами ќе биде предводен од уругвајскиот стручњак Диего Алонсо во првата сезона.