Connect with us

Други спортови

Бекам од трка на Ф1 објави фотографија каква светот на спортот не видел: Опис не е потребен

САД уште еднаш покажаа зошто се центар на светот кога е во прашање шоу-бизнисот, бидејќи никогаш немало толку многу познати личности на една трка во Формула 1.

Сепак, една фотографија ја одбележа оваа трка, но и светот на спортот. Ја објави Дејвид Бекам на својот Инстаграм профил и многумина рекоа дека ова е најдобрата фотографија што спортскиот свет некогаш ја видел.

Бекам ја следеше вчерашната трка со своите синови и беше во гаражата на Мекларен, но беше само еден од познатите спортисти вчера во Мајами.

Имено, пред почетокот на трката, пред гаражата на Мерцедес се собра вистинска елита на еден од најдобрите спортисти на сите времиња.

На фотографијата покрај Бекам позираа Мајкл Џордан, Том Брејди и Луис Хамилтон, а Бекс истото го објави со едноставна порака: „Не е потребен опис“.