Connect with us

Фудбал

Бекам откри како во 1997 година го побара бројот од Викторија: „Сè уште го имам тој билет за воз“

Дејвид и Викторија Бекам се една од ретките парови во светот на шоубизнисот кои се заедно повеќе од 20 години.

Тие се во брак од 1999 година и имаат четири деца заедно. Бекам синоќа гостуваше во шоуто со Џими Фалон, каде зборуваше за тоа како ја запознал Викторија во 1997 година и како решил да го побара нејзиниот телефонски број.

„Ух, тоа беше пред повеќе од дваесет години. Сите тогаш знаевме за „Спајс Грлс“ и тие беа неверојатно популарни во тоа време. Јас само работев да станам дел од првиот тим на Манчестер Јунајтед и не бев толку познат“, започна Бекам и продолжи.

„Се сретнавме пред еден од моите натпревари, но таа беше со агент и само се запознавме. Но, седум дена подоцна, се сретнавме повторно кога беше во Манчестер и гледаше друг натпревар. После играта, видов дека е на стадионот и пријдов кон неа“.

„Добро се забавуваше и мило и беше што ме виде. Испивме неколку пијалоци и тогаш решив да ја прашам за број. Разговаравме неколку часа во лобито каде што се среќаваа играчите. Имав трема кога го побарав нејзиниот број. Ми го напиша бројот на билет за воз што го имам уште денес. Еве, 20 години подоцна, имаме четири убави деца“, рече Бекам.