Други спортови
Бекер ги продава трофеите за да се спаси од банкрот
Легендарниот германски тенисер и поранешен тренер на Србинот Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, ги продава трофеите за да се спаси од банкрот.

Бекер загуби над сто милиони евра на лошо вложување во нафтен бизнис во Нигерија. Имал голем долг, сума која е непозната за јавноста, кон лондонските банки од кои сакал да извлече на начин на кој открил дека станал дипломатски службеник за култура и спорт во Централноафриканскта република, но на крјаот се дознало дека тоа е лага.
Иако долгот кон банката привремено му бил стопиран, сепак повторно се активирал откако се потврдило дека нема да може да користи дипломатски имунитет. На Бекер веќе му е запленет имотот кој го поседува, додека трофеите ќе ги продаде по пат на аукција. Нивната вредност се проценува на 220.000 фунти, но за очекување е на аукцијата да добие поголема сума од споменатата.