Други спортови
Бекер: Голема одлука пред Новак, Рафа најмногу профитира…
Борис Бекер, славниот тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, вели дека отсуството на Србиnot од Австралија опен целосно ја променило динамиката на турнирот и дека од тоа најмногу профит може да има Рафаел Надал.
Ѓоковиќ беше спречен да учествува на првиот Грен слем сезонава, бидејќи не бил вакциниран против коронавирусот. Во Мелбурн требаше да го одбрани трофејот и да го нападне рекордниот 21. од ГС категоријата.
Со неговото отсуство само Надал има шанса да биде сам на врвот на вечната листа.
„Неиграњето на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен ја наруши динамиката на настаните, на ист начин како што неиграњето на Рафаел Надал би го променило Ролан Гарос. Одеднаш, играчите почнуваат да ги прилагодуваат своите соништа и очекувања и можеби го видовме тоа преку неочекуван пораз на Александар Зверев. Надал е тој кој може да има најголема корист бидејќи е во четвртфиналето“, вели Бекер во колумна за Дејли Мејл.
Следуваше преглед на ситуацијата на Новак и на она што може да го чека во продолжението на сезоната, низ призмата на вакцинацијата против коронавирусот.
„Кој пред еден месец мислеше дека Шпанецот може да биде пред Ѓоковиќ и Федерер со 21-та титула? Тоа е уште една причина зошто Новак има голема одлука пред него. Без да ги ревидира старите аргументи, ќе ги одмери фактите дека станува сега многу потешко. невакцинираните да продолжат со нормален живот, а камоли да играат меѓународни турнири. Искрено, не знам што ќе изберат“, додаде поранешниот број еден.
За натамошните планови на српскиот тенисер треба да дознаеме по Австралија опен. Дотогаш Новак нема да се огласува.