Connect with us

Фудбал

Беласица промовираше тројца фудбалери

Второлигашот Беласица во ист ден промовираше тројца фудбалери, па во пролетниот дел од сезоната ќе влезе засилена. Беласица е лидер во Втората македонска лига и се обидува да обезбеди директен пласман во „елитата“.

Роберт Митев – игра во офанзивата на нападот на крилните позиции. Доаѓа од ФК Тиквеш, каде изминатите 2 и пол години беше стандарден првотимец и еден од најдобрите играчи во истоимениот тим

Давид Стојков – Давид доаѓа од ФК Академија Пандев, има 18 години и игра на штоперската позиција.

Васко Коцев – 18 годишниот Коцев игра во средината на теренот, а доаѓа од ФК Академија Пандев.