Connect with us

Фудбал

Белгија ја одложи одлуката за прекин на првенството

Лидерите на белгиската Јупитер лига неодамна гласаа за прекинување на сезоната.

Управниот одбор на Јупитер Лигата едногласно гласаше за овој исход, но сега се чека конечната одлука на собранието на лигата.

Седницата на Собранието, сепак, нема да се одржи денес како што беше планирано, затоа што е одложено за следната недела и за суспензијата ќе се расправа откако УЕФА ќе има уште една средба со своите членови.

Целта на УЕФА е да ги заврши сите натпреварувања до крајот на јули, со цел да ги добие националните шампиони и учесници во европските натпреварувања за наредната сезона.

Поради тоа белгискиот фудбалски сојуз реши да ја одложи конечната одлука за завршување на сезоната. Таа ќе биде донесена по разговорите со УЕФА, кои им стави до знаење на своите членови да не носат избрзани одлуки.

Претходно, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, исто така истакна дека земјите кои не го завршуваат шампионатот, можат да го загубат местото и да се натпреваруваат на европските натпреварувања, а тоа ќе предизвика големи финансиски загуби за сите клубови.

Затоа во Белгија тие очигледно решија да размислат за сè и да ја одложат одлуката за прекин на првенството до следната недела.

Во случај на конечен прекин на првенството, Клуб Бриж ќе ја добие титулата шампион на Јупитер лига, додека следната седницата ќе се одлучува за испаѓање и за влез во лигата.