Connect with us

Фудбал

Белгијците во преговори со УЕФА: Ние понудивме решение …

Белгија е првата земја што го прогласи шампионот во фудбалот по донесената одлука за суспендирање на лигата.

Одборот на директори на лигата едногласно гласаше за овој исход, а се чека одобрение од Генералното собрание, кое ќе се одржи на 15 април.

Сепак, по оваа одлука, реагираше Европската фудбалска федерација (УЕФА). Претседателот Александар Чеферин најави дека земјите што донесуваат ваква одлука веројатно ќе го загубат пласманот на европските натпреварувања.

Сепак, првиот човек на белгиската лига, Мехди Бајат, ги објави разговорите со првиот човек на УЕФА и му понуди решение за новата ситуација.

Иако не се знае кој е предлогот, Бајет тврди дека разговорот било многу конструктивен.

„Разговаравме со Александар Чеферин. Разговорот беше конструктивен и му понудивме решение за моменталната состојба. Ние ќе го доставиме нашиот предлог пред Извршниот одбор на УЕФА и предлогот ќе го достави Собранието на Лигата“, рече Мехди Бајат.

Ќе видиме што ќе одлучи УЕФА во овој случај, но кровната куќа на европскиот фудбал јасно стави до знаење дека првенствата едноставно треба да завршат.